Пеперутки

Bild von Dieter J Baumgart
Bibliothek

Најважниот јазик на светот
е насмевката

Во времето кога пеперутките се создаваа, дојде до тоа, што на крајот една единствена пеперутка остана, на која се немаше никакво материјално тело да и се даде. Никакво тело, никакви крилја, ништо од тоа што нејзините сестри и браќа, кои како прекрасни цвеќиња низ воздухот летаа, го имаа.

Оваа пеперутка беше едноставно невидлива.

На почетокот тоа таа и не го знаеше и оставаше и нејзе ветрот како и другите пеперутки да ја носи низ светот, а таа слетуваше врз цвеќињата, на кои што мислеше, со својата убавина таа уште поубави ги прави.

Но еден ден осети и самата: Никој не и обрнуваше внимание, дури и понекогаш се судруваше со другите пеперутки, покрај тоа што таа многу пазеше и само на цвеќиња слетуваше, кои што беа слободни. Покрај сето тоа, таа не знаеше дека другите не ја гледаат. На крај сфати дека таа е невидлива!

Нормално требаше уште порано да се сети на тоа дека е невидлива за другите, како што и таа сама не се гледаше. Но тоа нејзе не и пречеше. Таа си мислеше, важно е нејзината убавина да ја гледаат другите, таа не мора сама да знае како изгледа. Но судбината што беше невидлива, многу ја нажалуваше. И најпосле полета по патот кон нејзиниот Створител за да се пожали.

Тој ја погледна невидливата пеперутка, размисли многу и најпосле и рече: „Јас те разбирам тебе, но работата е завршена. Стварно немам уопште ништо, што јас тебе би ти дал, како тело. Од друга страна, ако и ти едно тело со крилја би имала како и другите и све друго, тогаш мораш еден ден да умреш. Дади би го сакала тоа?“

„Да“ – одговори на тоа невидливата пеперутка. „Кога само со тоа ќе можам цел живот на други радост да им носам. За тоа накрај би сакала и да умрам.“

Створителот се изненади многу, пошто такво нешто и не очекуваше да слушне, а го слушна и прв пат. Се замисли долго време и најпосле рече: „Ќе ти ја отстварам твојата желба. Од овој момент ќе бидеш видлива, али немат никогаш да умриш. Затоа и не ти давам никакво материјално тело.
Оди кај луѓето и биди им насмека на нивните лица.“

Dieter J Baumgart

Преведено од: Спироска Бети, Makedonien

Interne Verweise